Анчелоти може да здивне: Повредите на Бензема и на Милитао не се сериозни

Карло Анчелоти може да здивне откако денешните лекарски прегледи донесоа позитивни вести за стручниот штаб на „кралевите“, по повредите што Карим Бензема и Едер Милитао ги заработија за време на синоќешниот меч со Валенсија.

Прогнозите велеа дека Милитао го очекува подолга пауза од терените, а повредата на Бензема е нешто полесно, но деталните прегледи целосно му одат во прилог на Анчелоти. Имено, клучниот дефанзивец и најдобриот стрелец на Реал имаат само ситен проблем, нема да можат да настапат викендов против Мајорка, но веднаш потоа ќе се стават во тренажен процес.

Доколку нема нови компликации, двајцата стандардни првотимци ќе можат да настапат на претстојниот клупски мундијал за „кралевите“, а потоа ќе го предводат тимот и во осминафиналето од Лигата на Шампионите против Ливерпул.

Се вчитува...