Анчелоти: Не е понижување да се изгуби од Барселона

Фудбалерите на Барселона го подигнаа трофејот од Супер-Купот на Шпанија, откако во финалето во Ријад го совладаа тимот на Реал Мадрид со 3-1. Барселона беше доминантна, а Реал одигра подпросечен натпревар и на крајот заслужено е поразен.

Тренерот на „кралевите“ по мечот беше крајно разочаран, но рече дека не е срамота да се загуби од Барселона.

„Овој натпревар нема да не скрши. Мораме да извлечеме поуки. И пред мечот знаевме дека екипата не е во најдобра ситуациа. Имавме недостатоци кои моравме да ги поправиме. Мораме да се вратиме посилни. Им ги подаривме првите два гола. Натпреварот на почетокот беше без вистински ритам, а кога противникот поведе, добија самодоверба. Дали е ова понижување за Реал? Би бил нечесен да кажам такво нешто. Изгубивме од Барселона. Тие беа подобри. Не сакам да зборувам за понижување. Такви се овие мечеви, некогаш ќе победите, некогаш ќе загубите. Но, Реал ќе се врати, убеден сум во тоа“, рече Анчелоти.

Се вчитува...