Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти ги одби сите шпекулации како неточни дека ќе го преземе кормилото на Бразил и ќе си замине од Мадрид. Италијанецот вчера освои нов трофеј во колекцијата на „кралевите“ со тоа што стана светски клупски шампион.
И покрај тоа што во минатите денови се шпекулираше дека Анчелоти има договор со Бразил за преземање на кормилото, сепак, сето тоа беше демантирано од страна на искусниот стручњак.
„Не си одам од Мадрид, освен ако не ме избркаат. Никогаш немав намера да ја преземам репрезентацијата на Бразил, тоа се само шпекулации“, рече Анчелоти.
Неговиот тим вчера го совлада Ал Хилал со 5:3 и го освои осмиот трофеј во светското клупско првенство, сметајќи ги тука и титулите од Интерконтиненталниот куп.
„Тоа моравме да го сториме, и многу сум среќен. Тоа е титула важна за сите во Мадрид. Тоа ќе биде поттик добро да се подготвиме за следната сезона, бидејќи ни треба многу самодоверба. Имавме фантастична атмосфера во Рабат. Добро поминавме во Мароко, си се враќаме дома со трофеј, што е најважно“, изјави Анчелоти.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА