Анчелоти по поразот од Жирона: Тоа што го видовте не беше нашиот тим

Реал Мадрид направи чекор назад во битката за титулата откако во 31. коло во Ла Лига, загуби сензационално од Жирона. Еден играч им даде четири гола на „кралевите“ во поразот од 4-2, што беше еден од најтешките на Реал сезонава.

Тренерот Карло Анчелоти после натпреварот не го криеше разочарувањето од резултатот и од поразот. Тој за поразот ги обвини своите играчи.

„Ова боли, мораме што побрзо да се вратиме. Беше ова една од најлошите вечери. Ужасна вечер. Многу тешка. Не би сакал да зборувам за поединци, сите беа лоши, сите одиграа под нивото. Одбранбено бевме ужасни, бевме нервозни, не ги добивавме дуелите. Ова што го видовте не беше тим, и јас се извинувам на навивачите. Ова не е тимска игра и кога играме како екипа, тогаш можеме секого да победиме. Но, кога не играме како екипа, тогаш се случува ова“, рече Анчелоти.

Се вчитува...