Анчелоти: Разговарав со Модриќ, сака повеќе да игра

Реал Мадрид вечерва од 21 часот гостува на Осасуна во 22. коло од Ла Лига. Тренерот Карло Анчелоти најави дека Лука Модриќ ќе биде во стартната постава.

„Разговарав со него за тоа. Тој сака да биде стартер на повеќе натпревари, па против Осасуна ќе го почне мечот“ – рече Анчелоти, кој по Светското првенство предност пред Модриќ во првите 11 дава за Дани Себаљос.

Модриќ на последниот меч со Елче влезе во 68.минута па постигна одличен гол во 80. минута за конечни 4-0. Тоа беше шести гол за него сезонава.

„Не чека многу важен меч во многу значаен момент. Влеговме во добра серија и мора да продолжиме така“ – дополни Анчелоти.

Се вчитува...