Тренерот на актуелниот европски шампион Реал Мадрид, Карло Анчелоти изјави дека мадридскиот клуб нема да ангажира засилувања во зимскиот преоден рок, пренесуваат шпанските медиуми.
Реал само го договори трансферот на младиот фудбалер на Палмеирас, Ендрик, кој во мадридскиот клуб ќе пристигне кога ќе наполни 18 години.
„Трансфер периодот заврши. Никој не сака да го напушти клубот, но и никој не сака да дојде. Ништо нема да се случи во јануари“, изјави Анчелоти.
Реал е на второто место на табелата во Ла лига, со пет бода помалку од лидерот Барселона, откако во неделата вечерта одигра реми без голови на домашен терен против Реал Сосиедад.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА