Анчелоти: Уништени сме, јас кажав Асенсио да го изведe пеналот…

Реал Мадрид неочекувано загуби на гостувањето од Мајорка во Ла Лига, со што значително си ги намали шансите во трката за шампионската титула со Барселона.

Очекувано, пак, нерасположен по мечот беше тренерот на „кралевите“, Карло Анчелоти кој иако истакна дека е премногу разочаран, во ниту еден момент сонот за титула не е „пуштен низ вода“.

„Уништени сме. Брзиот гол и промашениот пенал тотално не деморализираа и го одлучија конечниот резултат. Сега мора да се фокусираме на светското клупско првенство“ – истакна Анчелоти и дополни:

„Не знам дали погрешив со првите 11. Не можев да го ставам Тони Крос затоа што не беше 100% подготвен, а на Лука Модриќ му беше потребен одмор. Но, не се откажуваме од титулата, ќе се бориме до крај. Уште ништо не е готово, уште има многу натпревари до крај. Го натерав Асенсио да го изведе пеналот, а не Родриго затоа што мислев дека пропуштањето на Светското првенство се уште влијае на него. Бензема и Модриќ се првите двајца изведувачи, а потоа јас одлучувам во зависност од тоа кој е на терен“.

Реал Мадрид сега е со заостанување од пет бода зад Барселона, која има и натпревар помалку.

Се вчитува...