Анчелоти: ВАР стана поважен од судењето, тоа мора да се промени

Тренерот на Реал Мадрид Карло Анчелоти, смета дека треба да се сменат некои работи во поглед на ВАР технологијата. Тој кажа дека и ВАР има многу недостатоци и тоа треба во иднина да се промени.

Анчелоти искажа незадоволство од тоа како и кога се применува ВАР, и дека не е дозволиво тоа да стане поважно од судиите.

„Да бидам искрен не сум задоволен од начинот на кој се применува ВАР. Сега тој е поважен од судењето и од судиите, и се користи многу често. ВАР е создаден да се поправат грешките, но сега се користи многу често. Ова треба да се промени. Се уште има многу конфузија“, рече италијанскиот стручњак.

Се вчитува...