Анчелоти: Задоволен сум од играта, но не и од резултатот

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти го пофали настапот на тимот против Кадиз, иако неговата екипа загуби два бода на „Сантијаго Бернабеу“ по нерешениот резултат 0-0.

Анчелоти го коментираше и отсуството на дел од играчите поради КОВИД-19.

„Тоа е нешто со кое општеството и секој од нас треба да се справи. Никогаш не сакавме да го одложиме натпреварот. Нашиот тим е способен да го компензира недостатокот на поединечни играчи. Вирусот не е толку агресивен како порано. Се обидовме да победиме, но не ни успеа. Не можам да ги обвинам момчињата. Видов многу позитивни работи. Не ми се допадна само резултатот, едноставно тоа е фудбалот. Некогаш победуваш незаслужено, друг пат играш добро, но не победуваш. Мораме да ја погледнеме табелата и да забележиме дека во оваа фаза наш главен конкурент е Севиља. Имаат многу добри и неверојатни играчи“, изјави Анчелоти.

Се вчитува...