Анџелика Митрашиновиќ МВП на колото во АБА

Македонската репрезентативка Анџелика Митрашиновиќ блесна на паркетот во првото коло од Суперлигата на АБА во женска категорија каде со трипл-дабл учинок ја предводеше Монтана до победа, а истиот и го донесе и признанието за најкорисен играч во рундата.

Митрашиновиќ за нешто помалку од 28 минути поминати на паркетот забележа 26 поени при реализација 4/6 за два, 5/9 за три и 3/5 за еден поен, додавајќи и 10 скока и 10 асистенции за индекс на корисност од 38.

Со истиот учинок нашата искусна кошаркарка во 101. натпревар одигран во конкуренцијата постави и шест лични рекорди: по бројот на поени, бројот на погодени обиди зад линијата 6,75, бројот на вкупни и дефанзивни скока (10), асистенции и фаворизација.

Се вчитува...