Брегалница по ремито со Силекс ја очекува дуел со Македонија ЃП на домашен терен во утрешното 13. коло од Првата македонска фудбалска лига.
Штипските „сини“ веруваат дека може да дојдат до трите бода против „лавовите“ како најава потоа и за предизвикот во Купот на Македонија.
„Утре играме исклучително важен натпревар во кој победникот ќе направи исчекор кон горниот дел на табелата. Максимално сме подготвени и мотивирани и уште од првата минута ќе атакуваме на трите бодови. Здравствениот билтен ни е одличен, немаме повредени ниту казнети фудбалери. Домашниот терен и нашата верна Фаланга ни се дополнителен мотив да го оставиме срцето на теренот и да дојдеме до сигурни три бода. Потоа ни следи уште еден исто така многу важен натпревар во купот, во среда, но одиме чекор по чекор до две победи“ – изјави Зоран Андонов за официјалната интернет страница на клубот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА