Македонскиот репрезентативец и член на АК Работнички, Андреас Трајковски, го освои златниот медал во скок во далечина на Европското првенство во атлетика за мали земји (European Challenger Championships), кое денес се одржа на легендарниот стадион „Стад Луј“ во Монако.
Андреас уште во втората серија го постави победничкиот резултат од 7.62 метри. По првиот скок од 7.43 метри, тој значително го подобри резултатот и изби на првата позиција. Поради грчеви во мускулот беше принуден да го прекине настапот и да не ги изведе преостанатите скокови, но и покрај тоа неговиот резултат остана недостижен за конкуренцијата.
Ова е уште еден значаен меѓународен успех за македонската атлетика и потврда за континуитетот на Трајковски, кој и оваа сезона продолжува со одлични настапи на меѓународната сцена.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
