Андреј Маслинко нов кошаркар на Пелистер

Андреј Маслинко е нов кошаркар на КК Пелистер. Откако ја прекина соработката со Гостивар, македонскиот репрезентативец одлучи кариерата да ја продолжи во тимот од Битола. 25-годишниот крилен играч во Пелистер ќе остане до крајот на тековната сезона.

Битолскиот клуб ќе биде петти за него на домашна сцена, по Работнички, МЗТ Скопје, ТФТ и Гостивар.

Со Маслинко во составот, Пелистер ќе се обиде да дојде до барем еден трофеј во македонската кошарка оваа сезона. За репрезентативецот беше заинтересиран и Работнички, но тој одлучи да го облече зелено-белиот дрес.

Се вчитува...