Андреј Стојановски и Миа Крстевска, победници на Илинденскиот пливачки маратон

Андреј Стојановски од Пливачкиот клуб Бета во машка конкуренција и Миа Крстевска од Пливачкиот клуб Орион во женска конкуренција се победници на 38. издание на Илинденскиот пливачки маратон, во должина од 2.5 километри, кој денеска се одржа во водите на Охридското езеро.

Стојановски со време од 31:19.10 минути, прв ја мина целта и по шести пат триумфираше на патеката од хотелот Парк до градското пристаниште во Охрид, додека Миа Крстевска во својот дебитански настап успеа да победи кај девојките, со време од 36:02.60 минути.

mia krstevska

На втората позиција во машка конкуренција над 16 години се пласираше Мартин Тодоровски, додека третопласиран заврши Милан Китевски. Во женска конкуренција втора беше Марија Ристовска , додека на трета позиција се пласираше Јана Марковиќ.

Во категоријата под 16 години во машка конкуренција победи Денислав Косто, пред Андреј Стојчев и Андреј Стојаноски. Во женска конкуренција, триумфираше Јана Милковска, пред Калина Захариева и Сара Иваноска.

Годинашното 38. издание на Илинденскиот пливачки маратон беше збогатено со три пливачи од Здружението на граѓани за лица со дисфункции, хендикеп, ретки болести и посебни потреби „Дајте ни крилја” од Скопје. Членовите на здружението рамо до рамо пливаа со своите другарчиња од пливачките клубови.

plivacki maraton ilinden

Се вчитува...