Андреј Стојчевски од Жилина на позајмица во Словачко

Чешкиот тим Словачко, е новиот клуб на екс младинскиот репрезентативец и сегашен сениорски член на националниот тим Андреј Стојчевски. Стоперот оди во Чешка како позајмен од Жилина во следните шест месеци.

Потоа Словачко ќе има право на откуп, доколку се одлучи да го задржи во своите редови со перманентен договор.

Стојчевски е дел од Жилина од 2022 година, а од Б тимот, стигна до сениорите. Во минатото беше дел од Вардар и од Академија Пандев (сегашна Брера). За младинската селекција има одиграно 23 натпревари, а беше повикуван и на последните неколку меча во Лигата на Нации од страна на селекторот на А репрезентацијата, Боби Милевски.

Се вчитува...