Андријана Будимир во “Маалски муабети”: Зошто го сака Скопје, се за својот нов ракометен клуб, што му недостасува на главниот град… (ВИДЕО)

Една од најпознатите ракометарки кои во историјата играле во Македонија, со бројни титули зад своето име прославувајќи го македонскиот ракомет, по крајот на кариерата одлучи да живее во Скопје.

Зошто е тоа така, зошто толку многу ги сака Скопје и Македонија, зошто нејзиниот ракометен клуб се вика Скопје, открива во “Маалски муабети” со градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов.

Будимир ги споделува и своите искуства како единствен ракометен тренер на машки клуб, но и со прашања до градоначалникот како го замислува поубаво Скопје во иднина.

„Многу ми е битно Скопје да стане рамномерно развиен град“ – истакнува градоначалникот Петре Шилегов во муабетот со Андријана Будимир.

Зошто Андријана е емотивно врзана за спортската сала „Кале“, што најмногу му фали на Скопје и уште многу други работи погледнете во “Маалски муабети” меѓу Шилегов и Будимир…

Се вчитува...