Ањели: Размислувавме Гвардиола да дојде во Торино

Претседателот на Јувентус, Андреа Ањели вели дека клубот ја размислувал можноста еден ден да го ангажира Пеп Гвардиола. Првиот човек на клубот од Торино обајсни дека размислувале околу можноста да го ангажира менаџерот на Манчестер Сити, но е свесен дека во овој момент тоа е многу тешка мисија.

„Ќе биде погрешно ако кажам дека не сме размислувале за Гвардиола, но морате да го процените моментот во кој се наоѓате. Тоа го прават сите професионалци. Ако е некој среќен таму кај што се наоѓа, многу е тешко вие да го предомислите“, изјави Ањели. 

Јувентус во моментов има бод повеќе од второпласираниот Лацио во Серија А, а во среда му гостува на Лион во осминафиналето во Лигата на шампионите.

Се вчитува...