Ањели: Сигурен сум дека Роналдо ќе биде со нас и следната сезона

Јувентус го освои „скудетото“, но разочара во Лигата на шампионите. Иако важеше за голем фаворит, сепак, доживеа елиминација од Лион. По поразот од 1-0 во Франција, „старата дама“ победи пирово во Торино со 2-1. Стрелец на двата гола беше Кристијано Роналдо, но немаше поддршка од соиграчите.

Претседателот на италијанскиот првак, Андреа Ањели, сигурен е дека Португалецот ќе остане во Јувентус и следната сезона, иако е разочаран од настапот на тимот во Лигата на шампионите. За него се интересира Пари Сен Жермен.

„Роналдо ќе остане со нас, сигурен сум во тоа. Тој е врвна класа, единствен кој во моментот покажа како треба да се игра во Лигата на шампионите. Можеби сите други комплетно разочараа. Но, гледаме напред, веќе правиме планови за следната сезона и Јувентус ќе биде уште посилен“, изјави Андреа Ањели по елиминацијата на клубот од елитното европско клупско натпреварување.

Ден по елиминацијата Јувентус му даде отказ на тренерот Маурицио Сари, а за негов наследник експресно е именуван Андреа Пирло кој ќе стартува со тренерска кариера.

Француските медиуми тврдат дека Роналдо повторно почнал преговори со ПСЖ, но првиот човек на Јуве е оптимист дека најдобриот фудбалер на „старата дама“ летово нема да ги менува клупските бои.

Се вчитува...