Ангеловски и со Чурлинов на мегдан против Полска и против Австрија

Македонскиот селектор Игор Ангелoвски го соопшти списокот фудбалери за мечевите против Полска и против Австрија од квалификациите за ЕП на почетокот од следниот месец.

На списокот на Ангеливски се 23 фудбалери меѓу кои, покрај повратниците Адеми и Радески, и Дарко Чурлинов од Келн.

Компарирано со претходниот собир, на списокот сега ги нема повредените Иван Тричковски и Стефан Спировски.

Подготовките на репрезентацијата започнуваат на 27. мај со 17 фудбалери, а официјалниот старт во комплетен состав е на 3. јуни.

СПИСОКОТ НА МАКЕДОНИЈА ЗА КВАЛИФИКАЦИСКИТЕ НАТПРЕВАРИ СО ПОЛСКА И СО АВСТРИЈА

Се вчитува...