Ангеловски: Добивме група со израмнети селекции

Фудбалската репрезентација на Македонија ги доби ривалите во квалификациите за пласман на Европското првенство во 2020 година. По ждребот во Даблин, нашиот национален тим се најде во групата Г, заедно со селекциите на Полска, Австрија, Израел, Словенија и на Летонија.

Селекторот Игор Амгеловски смета дека во групата се наоѓаат квалитативно израмнети селекции и Македонија има шанси за висок пласман.

„Мислам дека добивме група во која се наоѓаат релативно израмнети репрезентации. Македонија влегува со нескриени амбиции, а притоа респектирајќи ги сите противници. Македонија не стравува од никого и може да се спротивстави со сите противници, само сплотено и тимски и со огромна поддршка од јавноста. Ние ќе одиме од натпревар во натпревар и се надевам дека ќе стигнеме до крајната цел, а тоа е пласман на Евро 2020. Откако ќе го дознаеме распоредот ќе започнеме со сите потребни активности за анализа и подобра подготовка на квалификациите“, изјави селекторот Ангеловски, кој присуствува на ждребот во Даблин.

Натпреварите од квалификациите ќе се одиграат во периодот од март до ноември 2019 година. Првопласираните две селекции од секоја група ќе обезбедат пласман на ЕП 2020 година ќе се одржи во 12 различни земји.

Се вчитува...