Ангеловски: Елмас заслужува поголема минутажа во Наполи

Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Игор Ангеловски за италијанскиот „КалчоНаполи24“ говореше за Елиф Елмас и неговата улога во тимот на Наполи. Тој вели дека младиот македонски репрезентативец е жртва на големата конкуренција во тимот.

„Го користев како полушпиц веднаш зад напаѓачите и во квалификациите за Европското првенство. Има голем квалитет и може без проблем да настапува и на таа позиција. Елиф заслужува да игра поредовно, иако е јасно дека во Наполи има голема конкуренција. Колку повеќе игра толку е подобро за репрезентацијата на Македонија“, изјави Ангеловски. 

Македонија за првпат летово ќе биде дел од едно големо натпреварување откако обезбеди настап на Европското првенство.

Се вчитува...