Ангеловски: Ерменија не беше подобра, пресуди тој наивен гол

Македонскиот селектор Игор Ангеловски очекувано не беше задоволен од поразот од Ерменија во последното коло од Ц-лигата на УЕФА Лигата на нации, по кој Македонија останува во истиот ранг на натпреварување и следната сезона.

Според Ангеловски противникот не бил воопшто подобар на терен а единствено до триумфот дошол благодарение на голот кој ние наивно им го дозволивме.

„Одлично го отворивме натпреварот во првото полувреме во кое требаше да дојдеме и до предност. Во второто полувреме примивме наивен гол кој на крајот пресуди околу победникот. Ерменија воопшто не беше подобра на терен. Може да им честитам на фудбалерите за ангажманот и борбеноста, но во вториот дел се повредија и дел од играчите поради што имаше и принудни замени. Ова е голем момент за Ерменија посебно во овие тешки времиња за нив“ – истакна Ангеловски на прес-конференција по дуелот.

Се вчитува...