Селекторот на македонската репрезентација Игор Ангеловски вечерва во Истанбул во живо го следеше настапот на репрезентативците Елиф Елмас и Аријан Адеми во Лигата на Европа.
Фенербахче и Динамо Загреб ремизираа без голови, со што и двата тима си обезбедија европска пролет во второто по квалитет европско клупско натпреварување, а Елмас и Адеми го одиграа целиот натпревар за своите тимови.
Ангеловски, заедно со делегација на ФФМ, престојниов викенд ќе биде на ждрепката на квалификациските групи за пласман на ЕП 2020 која е закажана за в недела, 2. декември.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА