Ангеловски: Го потврдивме квалитетот, можевме и поубедливо

ЕКИПА во Вадуц, Лихтенштајн, 

Владимир Булатовиќ

Фудбалската репрезентација на Македонија ја оствари целта, го освои Вадуц, совладувајќи го Лихтенштајн со 0-2. Со ова се наоѓа на само мал чекор до освојување на првото место во групата и пласман во плејофот за настап на Европското првенство во 2020 година. Работата ќе биде завршена и со реми против Гибралтар дома, но сигурно дека ќе се атакува на нов триумф, кој ќе донесе и домашен терен во мечот од полуфиналето од плејофот.

Селекторот Игор Ангеловски е задоволен од триумфот и враќањето во победнички ритам на националниот тим.

„Кога ќе се оствари целта сигурно може да бидеме задоволни од победата. Мислам дека требаше да го отвориме резултатот уште пред голот на Барди, но на крајот сепак го потврдивме квалитетот. Спировски заработи повреда на коленото, па неочекувано мораше да излезе. Дополнителните детални прегледи ќе покажат колку е сериозна повредата и дали ќе може на него да сметаме против Гибралтар“, изјави Ангеловски.

 

Се вчитува...