Ангеловски и Ќириќ во Лозана: Македонија носител во пресрет на ждребот за Лигата на нации

Фудбалската репрезентација на Македонија утре (12 часот) ќе ги дознае противниците за новоформираното натпреварување, Лигата на нации на УЕФА. Селекторот Игор Ангеловски и спортскиот директор Саша Ќириќ се веќе во Лозана и ќе го очекуваат утрешното „мешање“ на топчињата.

Македонија во пресрет на извлекувањето е носител во групата Д, и треба да добие релативно полесни противници, односно селекции со послаб рејтинг. Селекторот Ангеловски напомена пред заминувањето дека можеби најнепосакувани селекции за нас се Ерменија и Косово. Утре напладне во Лозана ќе ги дознаеме противниците во групата, а ова натпреварување нуди можност и за настап на Европското првенство во 2020 година.

Се вчитува...