Ангеловски: Критиките за Ерменија ги заслуживме, ама нема сила која ќе го скрши нашето единство

Селекторот на македонската репрезентација Игор Ангеловски е свесен дека националниот тим ги заслужи сите критики за своето издание и убедливиот пораз на гостувањето против Ерменија во Ереван.

Ангеловски во својата кратка порака истакнува дека сите во репрезентацијата мора да ги прифатат критиките, но порачува дека нема тоа воопшто да ја наруши атмосферата во тимот…

„Критиките за Ерменија ги заслуживме и стоечки ќе ги издржиме. Но, нема сила која ќе го скрши нашето единство“ – вели Ангеловски во пораката објавена на ФФМ.

Македонија во ноември ја очекуваат последните два натпревари од Лигата на нациите, против Лихтенштајн на гостински терен и против Гибралтар во Скопје на кои ќе мора да се потврди актуелната лидерска позиција во групата од Д лигата.

Се вчитува...