Ангеловски: Мораме да веруваме во себе во овие квалификации

Селекторот Игор Ангеловски е оптимист дека Македонија може да се покаже во добро светло во претстојниот квалификациски циклус за ЕП 2020. Добрите резултати во Лигата на Нации го кренаа оптимизмот во редовите на македонскиот национален тим, па сега самодовербата е на највисоко можно ниво.

„Веднаш после извлекувањето на групата реков дека наша цел е да бидеме во конкуренција за висок пласман до крајот од квалификациите. Мораме да веруваме во себе и во своите квалитети. Како селектор, заедно со стручниот штаб сме фокусирани на првиот натпревар против Летонија на домашен терен. Ќе ги анализираме сите противници, но одиме од натпревар во натпревар. Имаме две релативно блиски патувања, во Словенија и Австрија, три од првите четири натпревари ги играме на домашен терен и ќе направиме сѐ што е во наша можност да бидеме со што е можно повеќе бодови на тие воведни натпревари. Групата е неизвесна и ќе биде голема борба, без разлика на распоредот“ – изјави селекторот Ангеловски.

Македонија новиот квалификациски циклус ќе го стартува со домашен натпревар против Летонија, што на програмата ќе биде на 21 март.

Се вчитува...