Ангеловски: Можевме и до триумф против Финска

ЕКИПА во Белек,

Никола Ѓуровски

Селекторот Игор Ангеловски изрази задоволство од пристапот на фудбалерите на натпреварот против Финска, но изрази и жалење што нашата репрезентација не стигна до победа, пред се поради промашената шанса на Адеми во второто полувреме.

Ова беше тест против квалитетна селекција како Финска. Можевме да стигнеме до триумф, а шансата на мечот ја имаше Адеми. И Финците имаа убава можност преку Лод. Одиме понатаму, задоволен сум од приодот кон играта, иако секогаш сакаме да оствариме триумф. Сега се фокусираме на вториот тест против Азербејџан“ – изјави Ангеловски.

Се вчитува...