Ангеловски: Нема експерименти и на тестовите, веднаш почнува мисијата „Лига на нации“!

Селекторот на Македонија, Игор Ангеловски по соопштувањето на списокот фудбалери за пријателските натпревари со Финска и Азербејџан на крајот од месецов во Анталија нагласи дека се повикани најдобрите затоа што веќе почнува сериозната подготовка на најдобата наша репрезентација за „Лигата на нации“ која стартува оваа година…

„Имаме пред нас два пријателски натпревари против Финска и против Азербејџан на неутрален терен во Анталија, Турција. На списокот се 19 фудбалери кои се веќе стандардни репрезентативци. Како втор голман е повикан е Дејан Илиев, поради повредата на Митов Нилсон, а веќе најавив дека експерименти нема да правиме затоа што во 2018 година почнува едно важно натпреварување за нас, Лигата на нации“ – истакна Ангеловски.

Собирот на репрезентативците ќе биде на 18. март, директно во Анталија. Првиот натпревар со Финска се игра на 23. март а вториот со Азербејџан на 27. март.

Се вчитува...