Ангеловски: Нема потреба никого да обвинуваме, ние сите грешевме, почнувајќи од мене…

ЕКИПА во Ереван,

Никола Ѓуровски

Македонскиот селектор Игор Ангеловски на прес-конференцијата по средбата не дозволи вината за убедливиот пораз од 4-0 да оди на сметка на индивидуалци во селекцијата, и покрај катастрофалните грешки на голманот Столе Димитриевски, нагласувајќи дека вината секогаш е во колективот.

„Јас ги одбирам фудбалерите и кој ќе настапи и затоа нема потреба никого друг да обвинуваме. Секој може да има лош ден, па дури и судијата“ – истакна Ангеловски на прес-конференцијата по средбата притоа дополнувајќи:

„Судењето не го коментирам, тоа никогаш не го правам. Ќе се осврнам на нас. Вечерва сите грешевме, Почнувајќи од мене, фудбалерите и судијата кој вие го спомнувате. Уште пред мечот кажав дека мора да бидеме на највисоко ниво, а тоа вечерва не го направивме. Имаме уште натпревари за играње. Ќе мора да се вратиме пред се на психолошки план по сето ова“.

Ангеловски не е изненаден од начинот на кој одигра Ерменија…

„Не сум изненаден од ништо во таборот на Ерменија. Овој меч не го загубивме поради тактички замисли или надмудрувања туку поради индивидуални грешки. Изненаден бев кога загуби Ерменија од Гибралтар, но затоа е фудбалот така интересен затоа што секој може да победи секого“ – рече Ангеловски.

Се вчитува...