Ангеловски останува селектор до крајот на ЕВРО 2020

Игор Ангеловски останува селектор на А-репрезентацијата на Македонија до крајот на Европското првенство оваа година.

Согласно понудата од Фудбалската федерација на Македонија, чии детали се очекува да бидат допрецизирани наредните денови, Ангеловски треба да остане на селекторската функција до завршувањето на Европското првенство и настапот на Македонија под истите досегашни услови, за плата од 7.500 евра и дополнителни бонуси врз основа на резултатите на ЕП.

Наредниот период се очекува официјалниот одговор од Ангеловски, но веќе е извесно дека популарниот Мрме ќе го предводи националниот тим во Букурешт и во Амстердам, ако се знае дека претходно нагласи дека за него финансиските услови воопшто нема да бидат пресудни, но единствено желбата да ја води Македонија на ЕВРО 2020.

Се вчитува...