Ангеловски: Освоивме бод, но жалиме за останатите два

ЕКИПА во Љубљана,

Никола Ѓуровски

Фудбалската репрезентација на Македонија ремизираше (1-1) против Словенија, но селекторот Игор Ангеловски и фудбалерите жалат затоа што не успеа да победат. Според случувањата на теренот, создадените, но нереализирани шанси, селекторот смета дека Македонија заслужи триумф.

„Пред првите два меча од квалификациите, истакнав дека ќе бидам задоволен со се што е над три освоени бода. Но, сега, по ремито во Љубљана и после една ваква квалитетна игра, морам да кажам дека жалиме за останатите два бода. Доколку имавме подобра реализација, сигурно ќе славевме на овој меч. Одиме понатаму, има уште многу да се игра во квалификациите“, изјави селекторот Игор Ангеловски.

Интересно, Словенија на последните пет меча ремизираше, 1-1.

Се вчитува...