Ангеловски повторно со „шарен состав“ против Естонците

Нешто слично како и на првиот меѓусебен натпревар од новата сезона во Лигата на нации, селекторот на македонската репрезентација Игор Ангеловски и на денешниот натпревар против Естонија ќе се спротистави со „шарен состав“.

Македонија ќе биде без Пандев, Адеми, Барди, Димитриевски, Алиоски, Велкоски…, но се чини има и тоа како состав кој може да се спротистави

Во стартниот тим во нападот се очекува да бидат Тричковски и Несторовски, со поддршка од Елмас и Трајковски, а во средината дополнето и со Костадинов, Николов и Спировски.

Во одбраната како централна тројка Бејтулаи, Велковски и Зајков, во отсуство на Муслиу кој најверојатно ќе добие мал одмор на дуелот. На голот, на местото на Столе Димитриевски, ќе биде Дамјан Шишковски.

Се вчитува...