ЕЕКИПА во Тбилиси, Грузија
Владимир Булатовиќ
Македонскиот селектор Игор Ангеловски, крајно оптимистички во очекување на утрешниот историски натпревар за пласман на ЕП и покрај сите проблеми со кои пред тргнувањето за Тбилиси се соочи националниот тим. Македонија е подготвен за пресметка со Грузија утре од 18 часот на „Динамо арена“ преку која ќе дојдеме до сонот за настап меѓу најдобрите на Стариот континент.
„Носам огромна почит за работата на мојот колега Владимир Вајс со репрезентацијата на Грузија, добро се познаваме меѓу себе, но ние добро знаеме за нашите квалитети и тука сме повторно во Тбилиси за да дојдеме до реализација на нашите цели, а тоа е пласман на ЕП“ – истакна на Ангеловски на прес-конференцијата во главниот град на Грузија пред утрешниот меч, притоа дополнувајќи:
„Имаме неколку фудбалери кои не допатуваат но имам 21 фудбалер кој се тука подготвени да ни го донесат пласманот на ЕП. Подготвени да одиграат за себе и за сите нас во Македонија. Ние играме финале, а кога се игра во финалето“.
Но, Ангеловски имаше посебно емотивно обраќање со благодарност за нашиот најдобар фудбалер…
„Сакам јавно да се заблагодарам на нашиот Горан Пандев. Ако некој е заслужен за тоа што сме овде е само тој кој сега е до мене. Точно пред пет години прифати да се врати во репрезентацијата и да го доведе овој тим, во кој јас верував уште од почетокот, до овој степен. Горан, ти благодарам за се и сакам утре да ги поведеш овие твои, наши браќа до пласман на ЕП“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА