Ангеловски: Со офанзивен пристап до триумф против Летонија

Македонската фудбалска репрезентација утре го стартува новиот циклус квалификации за ЕП 2020. По успесите во Лигата на нации, селекторот Игор Ангеловски верува дека националната селекција има капацитет за добри игри и против потешки противници кои сега ни се ривали во квалификациите.

„Не чекаат нови квалификации. Како што реков, верувам во овие момци со кои е чест да се работи и сигурен сум дека ќе имаме успешен старт против Летонија која е навистина цврста селекција, тежок противник. Во овие квалификации не чекаат потешки противници споредено со Лигата на нации, но подготвени сме за секој противник. Веќе го знам и составот со кој ќе настапиме против Летонија, сите 11, но тоа ќе го соопштам на фудбалерите пред утрешниот дуел“, изјави Ангеловски.
Офанзивниот пристап и понатаму ќе биде одлика на Игор Ангеловски и на македонската репрезентација.
„Остануваме на досегашниот пристап, офанзивно на секој меч. Убеден сум дека доколку фудбалерите одиграат во рамките на своите можности без поголеми проблеми ќе стигнеме до победата против Летонија“, вели селекторот на националниот фудбалски тим.

Се вчитува...