Ангеловски со принудни и планирани промени во составот: Се враќаат Алиоски и Елмас

Македонскиот селектор Игор Ангеловски со неколку измени, дел принудни – дел планирани, во почетниот состав ќе се спротистави на селекцијата на Гибралтар во последниот натпревар од групната фаза во Лигата на нациите кој го играме вечерва од 20:45 часот на националната арена „Филип Втори“.

Како што е познато, поради два жолти картони од комбинација отпадна капитенот Горан Пандев, како и повредениот Стефан Спировски. Но, во тимот се враќаат Елиф Елмас и Езгијан Алиоски.

Па, согласно последните тренинзи на тимот се очекува Ангеловски дуелот против Гибралтарците, повторно низ максимално офанзивна ореинтација, да го стартува во следниот состав. На голот Димитриевски, пред кого во одбраната повторно ќе бидат Бејтулаи, Муслиу и Кире Ристевски. Во средниот ред Енис Барди, Елиф Елмас и Бобан Николов или Аријан Адеми, кој е подготвен за повторен настап во нациналниот тим, на страничните крилни позиција Езгијан Алиоски и Александар Трајковски и во нападот Иван Тричковски и Илија Несторовски.

Македонија со триумф против Гибралтар го запечатува првото место во групата 4 од лигата Д на Лигата на нации, а ќе си овозможи и домаќинство во полуфиналето од плеј-офот за пласман на ЕП.

 

Се вчитува...