Ангеловски со проверен состав против Финска и Азербејџан: Само Дени Илиев се враќа место повредениот Митов Нилсон!

Селекторот на македонската репрезентација Игор Ангеловски го соопшти списокот репрезентативци за двата пријателски натпревари против Финска и против Азербејџан кои на 23. односно 27. март ќе ги играме во турска Анталија.

Ангеловски повика 19 фудбалер, со апсолутно проверен состав на кој сметаше и на крајот од претходниот квалификациски циклус без ниту едно изненадување. Единствено, во селекцијата повторно се враќа чуварот на мрежата на Арсенал, Дени Илиев на местото на повредениот Давид Митов Нилсон од Норчепинг. Во селекцијата сосема очекувано е и стоперот на Вардар, Дарко Велковски и покрај тоа што тој се наоѓа под суспензија од својот клуб.

Собирот на репрезентативците е на 18. март директно во Анталија.

СПИСОКОТ НА А РЕПРЕЗЕНТАЦИЈАТА ЗА ТЕСТ ДУЕЛИТЕ СО ФИНСКА И СО АЗЕРБЕЈЏАН…

 

Се вчитува...