Македонија со проверени сили на стартот од квалификациите за ЕП 2020

Македонскиот селектор Игор Ангеловски сосема очекувано со проверени сили ќе ги очекува двата почетни натпревари од квалификациите за пласман на ЕП 2020, против Летонија на 21. март во Скопје и против Словенија на 24. март во Љубљана.

Ангеловски повика вкупно 23 фудбалери за двете пресметки со тоа што во репрезентацијата се враќаат дефанзивецот Дарко Велковски и крилниот офанзивец Кире Маркоски, а за првпат за официјален квалификациски натпревар ќе конкурира и младиот напаѓач на германски Келн, Дарко Чурлинов.

Како што беше најавено и претходно, на списокот се и Иван Тричковски и Стефан Спировски иако поради повреди неизвесно е колку ќе може да помогнат за двата натпревари.

СПИСОКОТ НА МАКЕДОНИЈА ЗА КВАЛИФИКАЦИСКИТЕ НАТПРЕВАРИ СО ЛЕТОНИЈА И СО СЛОВЕНИЈА

 

Се вчитува...