Ангеловски: Заслужен триумф, но без еуфорија, сега не чека дуел со Словенија

Фудбалската репрезентација на Македонија ја оствари стартната победа (3-1) во квалификацискиот циклус за ЕП 2020, на убав начин е прославен јубилејот на Горан Пандев, а блесна и дијамантот Елиф Елмас. Селекторот Игор Ангеловски е задоволен од триумфот, но вели дека не треба да се создава еуфорија, за три дена следи нов меч против Словенија во Љубљана.

„Среќни сме што победивме, на убав начин му го честитавме јубилејот на Горан Пандев. Токму фудбалерите му честитаа на најдобар можен начин. Елиф Елмас беше одличен, со два гола му честиташе на батко Горан. Тоа што го најавивме и го остваривме, освоивме три бода. Мислам дека е сосема заслужено. Моравме и порано да го решиме натпреварот, но на крајот се добро се заврши. Нема еуфорија, одиме понатаму, не очекува нов меч, против Словенија во Љубљана. Ги повикувам сите наши иселеници да дојдат и да не бодрат, а ние ќе возвратиме со беспоштедна борба“, изјави селекторот Игор Ангеловски.

Македонија в недела ја очекува гостување против Словенија во Љубљана, во второто коло од квалификациите за ЕВРО 2020.

Се вчитува...