Фудбалерите и стручниот штаб на Англија ќе поделат бонус од 19 милиони фунти (околу 22 милиони евра) доколку го освојат Светското првенство. Од таа сума, селекторот Томас Тухел би добил дури три милиони фунти.
Лондонски „Гардијан“ ексклузивно ги објави деталите за распределбата на бонусите што Фудбалскиот сојуз на Англија (ФА) ги договорил со играчите и стручниот штаб пред почетокот на Светското првенство.
Доколку англиската репрезентација триумфира на Светското првенство, ФА планира да распредели околу половина од вкупната награда што ја добива од ФИФА (која за светските шампиони изнесува околу 38 милиони фунти) на следниот начин:
Играчите (вкупно 26) ќе поделат меѓу себе околу 15 милиони фунти. Поединечните износи ќе зависат од минутажата на теренот, но доколку се поделат на еднакви делови, секој фудбалер би добил околу 577.000 фунти (околу 680.000 евра по играч).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
