Англичаните воодушевени: Алиоски е феноменален, носи и позитивен дух во целиот тимот (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Езгијан Алиоски машки, со поддршка и на менаџерот Бијелса, ги издржа сите критики во финишот на претходната година за неговите игри во дресот на Лидс, па со изданијата оваа година веќе на големо ја освојува англиската фудбалска јавност и навивачите на Лидс.

Според голем дел од англиските медиуми Алиоски е играчот на мечот во синоќешната убедлива победа на Лидс од 4-0 против ВБА. Македонскиот фудбалер го постигна четвртиот погодок за Лидс во 92. минута, запечатувајќи ја победата на својот тим.

Но, она што вистински ги воодушевува Англичаните а позитивниот дух кој во себе го носи Алиоски а го пренесува и на целиот тим. Тоа се гледа и од начинот на прославите на своите погодоци кои сезонава досега ги има седум…

 

Се вчитува...