Англичаните воодушевени од „кралскиот“ потег на Реал: Зошто на Бернабеу беше пуштена химната на Ливерпул? (ВИДЕО)

Реал Мадрид минимално со 1-0 го победи Ливерпул на „Сантијаго Бернабеу“ и на реваншот во Лигата на шампионите со што „кралевите“ со убедливи 6-2 се пласираа во четвртфиналето од најквалитетното европско клупско натпреварување.

Карим Бензема го постигна голот за триумф на Реал, но сигурно потегот кој го воодушеви фудбалскиот свет се случи по мечот на стадионот на Реал Мадрид.

Химната на Ливерпул, „You’ll never walk alone”, беше пуштена на „Сантијаго Бернабеу“. Додека гостинските навивачи пееја заедно со играчите на Ливерпул, сето тоа беше испратено со аплуаузи од домашните фанови.

По натпреварот објаснување даде Емилио Бутрагењо. Реал само им се реваншираше на „црвените“ откако Ливерпул на првиот натпревар му оддаде почит на легендата на „кралевите“, Амансио Амара. Почесниот претседател на Реал почина ден пред дуелот во Ливерпул.

„Тие направија голем гест кон Амансио и покажаа дека се голем клуб. Сакавме да им се оддолжиме и тие знаеја да го ценат овој потег. Клубовите од овој ранг со вакви детали ја покажуваат својата големина“ – рече Бутрагењо.

Се вчитува...