Англија без триото на Тотенхем на мегдан со Германија и со Бразил

Селекцијата на Англија ќе биде значително ослабена на претстојните пријателски натпревари против Бразил и Германија откако тројцата фудбалери на Тотенхем, Деле Али, Хари Кејн и Хари Винкс, поради повреда отпаднаа од комбинација за настап за „гордиот албион“.

Информацијата за Али беше објавена веднаш откако овој фудбалер не се појави во списокот на играчи на Тотенхем за неделниот меч со Кристал палас, а токму на овој натпревар повреди заработија Кејн и Винкс. „Спарси“ успешно лобираа кај селекторот Саутгејт, па двајцата првотимци воопшто не се појави во хотелот на англиската репрезентација откако добија зелено светло да ги пропуштат овие пријателски натпревари.

Се очекува слична да биде ситуацијата и со Џордан Хендерсон и со Гери Кејхил, кои исто така се мачат со повреди, па Саутгејт дополнително го повика дефанзивецот на Евертон, Мајкл Кин, и играчот за врска на ВБА, Џек Ливермор.

Англискиот национален тим најпрвин в петок ќе се сретне со Германија, по што следниот вторник ќе излезе на мегдан со Бразил.

Се вчитува...