Англија и Португалија со победи ги завршија подготовките за СП (ВИДЕО)

Фудбалската репрезентација на Англија со убедливи 3-0 ја совлада Костарика во последниот контролен натпревар пред почетокот на Светското првенство. Мечот се одигра во Орландо, откако претходно беше под знак прашалник поради силно невреме и поплавен терен, што предизвика доцнење од повеќе од еден час.

Избраниците на селекторот Томас Тухел покажаа доминација на теренот, а стрелци на головите беа Деклан Рајс, Ентони Гордон и Оли Воткинс. Овој триумф доаѓа како одлична увертира за Англичаните пред нивниот прв голем предизвик на Мундијалот, дерби дуелот од групната фаза против Хрватска.

England [3] – 0 Costa Rica – Ollie Watkins 87‎'‎
byu/gbogaz insoccer

Фудбалската репрезентација на Португалија со победа од 2-1 над Нигерија ги заокружи подготовките за претстојното Светско првенство. Оваа успешна генерална проба донесе сигурна увертира за Португалците пред самиот старт на Мундијалот. Домаќините поведоа во 23. минута со погодокот на Педро Нето. Нигерија возврати брзо и израмни на 1-1 во 37. минута преку Акор Адамс, резултат со кој се замина на пауза. Во второто полувреме Португалија ја врати иницијативата, а победата ја запечати Франциско Консеисао со гол во 75. минута.

Се вчитува...