Англиjа ќе воведе закон со цел драстично да го намали расизмот

Англичаните конечно сакаат да му стават крај на расизмот, барем во најголем дел, затоа што расистите ќе добиваат казни и до 10 години. Министерката за внатрешни работи Прити Пател сака да се воведе нов закон според кој ќе ги избркаат навивачите од стадионите поради насилство, нереди или расистичко и хомофобично скандирање на натпреварите, но и преку интернет.

Според законот се предвидуваат забрани од три од 10 години, а исто така и шестмесечна затворска казна.

„Одговорните за расистичка злоупотреба на интернет мора да бидат казнети. Промената на законот која ја најавувам, ќе обезбеди забрана за гледање на натпревари за расистите“, кажа министерката.

Се вчитува...