Англија се „стегна“ во вториот дел и ја совлада Хрватска (ВИДЕО)

Откако по првиот дел видовме „егал“ во Далас помеѓу Англија и Хрватска, каде беше 2-2, Англичаните во вториот дел се „стегнаа“, ја покажаа својата моќ и дојдоа до триумф над третопласираната светска селекција во моментов, за на крај да дојдат до триумф од 4-2.

Кога Хари Кејн во 12. минута погоди од белата точка, и тоа од вториот обид, и ја донесе Англија во водство, се чинеше дека „Гордиот Албион“ ги има сите конци во своите раце.

Потоа Батурина ја казни одбраната на Англија со прекрасен гол во 36. минута од средбата. 

Одличниот Кејн во 42. минута со глава го совлада Ливаковиќ по асистенција на Рајс од корнер. Но, Хрватска по вторпат се врати. Муса во петата минута од судиското надополнување успеа да донесе „егал“ на полувремето.

Се очекуваше израмнет натпревар и во вториот дел, меѓутоа само што тргнаа од центарот Англичаните во 47. минута успеаја преку Белингам да дојдат до ново, трето водство. Се чини дека овој гол како целосно да ги „скрши“ Хрватите, па потоа од игра излезе и изморениот Модриќ, а Хрватска имаше се помалку сила да се врати и третпат во мечот.

Така Рашфорд во 85. минута стави печат на триумфот по асистенција на Сака, и Англија дојде до триумфот, покажувајќи дека на овој Мундијал има намера да стигне до самата завршница.

Се вчитува...