Англија веќе слави европска титула: Италија тренирала во најмалерозниот камп (ФОТО)

Англија и Италија вечерва од 21 часот ќе се сретнат во завршната пресметка на 16-то Европско првенство на лондонски „Вембли“ во битката за престижниот трофеј, но на Островот веќе полека почнува да се слави – европската круна.

Иако допрва мечот треба да се игра, Англичаните кои се луди по „некаква традиција“ освен што изнајдоа еден куп факти во изминатиов период зошто им е пишана титулата, последно во низа е каде тренирале Италијанците.

„Аѕурите“ својот тренинг го одработеа во тренинг-кампот на лондонски Тотнем, премиерлигашкиот гигант кој веќе со години нема ништо освоено, а тоа е дволен мотив да се разгорат имагинацијата кај навивачите дека тој камп е малерозен и дека Италија ќе ја „фати мајата“ ништо да не освои, односно во случајов да го загуби финалето.

Англија првпат игра финале на Европско првенство, а веќе 55 години чека на голем трофеј, уште од мундијалската круна на СП 1966, кој е единствен трофеј во витрините на „трите лава“. Од друга страна, Италија игра ново финале по 2012 година, но иако е четирикратен светски првак, прв и последен пат освоила европска круна пред 53 години, во далечната 1968 година.

 

 

 

 

Се вчитува...