Европската сезона завршува, останува само големото финале на Лигата на шампионите помеѓу ПСЖ и Арсенал во Будимпешта, кое ќе се игра во сабота во 18 часот.
Пред финалето на Лигата на шампионите, добивме два победници на европски натпреварувања кои се дел од Премиерлигата: Астон Вила ја освои Лигата на Европа, а Кристал Палас Конференциската лига.
Колку се доминантни англиските клубови оваа сезона покажува фактот дека во следната европска сезона ќе има дури девет клуба во европските натпреварувања, речиси половина од лигата.
Арсенал, Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед, Астон Вила и Ливерпул се во Лигата на шампионите, Борнмут, Сандерленд и Кристал Палас во Лигата на Европа, а Брајтон во Конференциската лига.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
