Англиските клубови не смеат ни да помислат да формираат нова Суперлига – ПЛ со драконски казни доколку се случи нов „пуч“

Шесте англиски клубови кои беа дел од новоформираната Суперлига ќе платат 22 милиони фунти како казна, потврдуваат светските медиуми. Арсенал, Челси, Ливерпул, Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед и Тотенхем ќе мора да платат 22 милиони фунти за приклучувањето кон Суперлигата.

Од Премиер-лигата соопштуваат дека секој следен потег за формирање на ново натпреварување кое се коси со статутот на Премиер-лигата и е надвор од натпреварувањата под покровителство на УЕФА секој клуб ќе биде казнет со 30 бодови во домашниот шампионат.

Од Премиер-лигата се решија за овојпотег како би се заштитила од следна офанзива на најмоќните клубови во Англија.

Се вчитува...