Анонимна дојава за бомба го „стресе“ Химки

Тренингот на кошаркарскиот клуб Химки бил прекинат итно поради анонимна дојава за бомба. Полицијата во најбрз можен рок ги евакуирала присутните во салата, по што специјален тим извршил комплетна проверка на секоја педа од просторот. За среќа, било утврдено дека дојавата е од лажен карактер.

„Полициски сили дојдоа во нашиот тренинг центар и соопштија дека имаат дојава за бомба. Веднаш го прекинавме тренингот и бевме евакуирани“, изјави генералниот менаџер на Химки, Павел Астаков.

Се вчитува...